Уапси свештеник: Фрли киселина врз свештеници кои сакале да го исклучат од црквата

од Берта Китинска
280 прегледи

Грчката полиција го уапси свештеник кој нападна група владици во манастирот Петраки во Атина малку порано, фрлајќи киселина кон нив. Свештеникот се соочувал со исклучување од црквата откако во 2018 година бил фатен со неколку грама кокаин,

Седум епископи кои се состанаа да разговараат за разрешувањето на свештеникот, се здобија со изгореници на лицето и рацете и итно беа пренесени во болница.

Изгореници се здобил и чуварот на манастирот, кој успеал да го фати свештеникот пред портата и бил пренесен во болницата.

Слични содржини