Убава вест: Во Турција вакцинирани 5,2 милиони луѓе со првата доза!

од Берта Китинска
149 прегледи

Податоците покажаа дека повеќе од 5,2 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина против ковид 19.

Во Турција, повеќе од пет милиони луѓе беа вакцинирани со првата доза на кинеската вакцина „Синовак“, а кампањата започната пред еден месец.

Анкара ја започна вакцинацијата на 14 јануари, а први се вакцинираа здравствени работници и стари лица, објави Ројтерс.

Податоците покажаа дека повеќе од 5,2 милиони луѓе примиле барем една доза од вакцината попладнево.

Околу 900.000, вклучително и високи владини претставници, ја примија втората доза.

Турција планира да ги вакцинира наставниците подоцна овој месец пред училиштата повторно да се отворат на 1 март.

Турција ќе започне постепено враќање на нормалниот живот во провинциите во март, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека „заклучувањето“ за време на викендот, кое важи низ целата земја, ќе биде подигнато во некои провинции врз основа на стапката на инфекција .

Слични содржини