Секој има во својот дом стари садови. Тие сепак можат да се претворат во убави украси само со неколку лесни поправка. 
Потребен ви е само спреј во златна или медена боја со кој ќе ги испрскате.

Но, пред да го направите ова, обложете ги садовите со селотејп хартија на местата кои сакате да се изолира од бојата. Ефектот е најдобар при обработка на садови од бел порцелан, но се добива и со глинени садови. Во овие случаи треба само да ја смените бојата на спрејот за да има контраст.

И така, ги обложувате со хартиена лента. Прскате со спрејот. Не престанувајте да прскате, додека не сте сигурни дека е покриено целосно.

Почекајте да се исуши и потоа внимателно ќе го олупите селотејпот, за да не ја оштети бојата.