Убавината на африканската природа

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Ако Африка и нејзината егзотика ве привлекуваат, тогаш дефинитивно еден хотел во Боцвана нема да ве остави рамнодушни.83d8cb91bb54cc232138ca3aff2e29ab

Станува збор за Sandibe Okavango Safari Lodge, кој се наоѓа во рамките на делтата на реката Окаванго .

Тој е дизајниран така што личи на вистинска оаза среде саваната. Архитектите Мајклс Бојд и Ник Плевман одбрале дизајн кој личи на кожурец преку кој се засилува чувството на удобност меѓу африканскиот пејзаж.

Хотелот не само што се комбинира перфектно со околните природни атракции, но и нуди 12 внатрешни апартмани кои се единствени од ваков вид. За да се задржи во фокусот на неверојатниот пејзаж и волшебна дива природа, внатрешноста на чардакот располага со минималистички ентериери.

Најважно во однос на дизајнот сепак е фактот дека тој е еколошки .Надворешната површина е покриена со природни материјали, што го прави бетонот непотребен во структурата. Електричната енергија се произведува од соларен панел, што дополнително ја штеди природата на Боцвана.

Фото: Sandibe Okavango Safari Lodge

Другото убаво за гостите на Sandibe Okavango Safari Lodge е дека можат да се релаксираат во своите светли и пространи соби, да слушаат релаксирачки звуци на чистата животна средина и одблиску да следат како нилските коњи се капат во реката.

fd37b42790e08285ba2add49c3813dcd 67d9523369e06af8506d87730690c9b1 677b3527598d3cf71d988ea3708f919e 5873726ddf816fa33cb54d962fee4e2a c805186a1f82b8ea259af2d6a14e1665 403f55ee20f74e554b4127832f9cedd9 e3f942239a7843c72c600fa83cec78cb 8e8aca98e10aa9e164ad9a560877aede 0b027132c59b2bdb517f3d048c080a14 27d937acc429d7334a5ff15619dd2759 b6f4799db7a230b641c52b2655feb2c1