Сончевото време ги раздвижи скопјани.
Граѓаните велат дека ги искористуваат сончевите денови за дел од времето да го поминат на отворено.Дел од граѓаните се придржуваа до мерките, а на дел луѓето кои се движеа низ градот не носеа заштитни маски.
Министерот Филипче во однос на растот на бројот на новозаболени вели дека тоа е поради убавото време и во последниот период зголемен е бројот на лица кои не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
Од МВР информираа дека во текот на изминатото деноноќие (28.02/01.03.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 426 прекршоци.
Според метеоролозите до четврток ќе преовладува сончево време.
Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. За време на викендот, како што информира УХМР, ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.