Убавото време, собирите на луѓето е резултата за брзото ширење на вирусот во земјава

од Берта Китинска
334 прегледи

Во текот на следната недела ќе се знае колкав процент од новите вкупно дијагностицирани лица со коронавирус го имаат британскиот сој.

Последната анализа беше дека се работи за околу 50 проценти, што е зголемување во однос на  оние 20 отсто од претходно.

– Во овој момент со епидемиолозите, дел од членовите на Комисијата за заразни болести се прават анализи дали може да се утврди на што се должи тоа. Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите. Еве, времето е убаво, сведоци сме дека сѐ повеќе има луѓе надвор коишто не ги почитуваат мерките. Во таа смисла за евентуални дополнителни мерки ќе разговараме во периодот којшто е пред нас, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е возможно да се работи за реинфекција со британскиот сој, Филипче рече дека вакво нешто досега не е потврдено во науката, иако посочи на одредени студии кои се однесуваат на поедини случаи на повторно инфицирани лица откако еднаш веќе прележале ковид.

Слични содржини