222
Генералниот секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа, истакна дека во партијата се убедени дека нов градоначалник на Тетово ќе биде нивниот лидер Биљал Касами.
-Движењето Беса влегува консолидирана како партија во изборната кампања. Задоволни сме од досегашните активности. Беса покажа дека може да биде сериозна политичка партија. Ние очекуваме победа во повеќе општини, а најголемата победа ќе ја оствариме во Тетово, и иден градоначалник на Тетово ќе биде Биљал Касами – рече Хоџа на ТВ 21.