Шведскиот произведувач на автомобили Volvo ќе му продаде на Uber 24.000 самоуправувачки возила во периодот од 2019 до 2021 година, пишува Recode.

Новите Volvo XC90s автомобили ќе имаат технологија што е неопходна за автономно возење, на која што Uber планира да додаде сопствени технолошки карактеристики. Двете компании ќе работат заедно на одредени делови пред истите да бидат произведени и потоа Uber ќе додаде свои сензори.
Ова е досега најголема бројка на автомобили што две компании се согласиле да ја изработат и што истовремено ќе служи за комерцијални автономни возења.