Убиецот имал историја на ментални болести: Откриен мотивот за масакрот во Нотингем

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Осомничениот (31) кој во вторникот наутро уби три лица и повреди исто толку луѓе во Нотингем по потекло е од Западна Африка и од тинејџерските години илегално живее во Британија! Ова го соопшти британската полиција, која навела дека мотивот за злосторството очигледно не бил тероризам, туку дека убиецот имал историја на ментални болести, пишува „Дејли мејл“.

Шефицата на полицијата во Нотингем, Кејт Мејнел изјави дека напаѓачот немал соучесници.

„Не истражуваме никој друг кој може да биде поврзан со ова кривично дело, нема дополнителни апсења. Очигледно убиецот работел сам, а засега единствено знаеме дека имал психички проблеми“, рече Мејнел.

Таа додаде дека првите две жртви на Африканецот биле студенти кои случајно се нашле на улица.

„Станува збор за хокејската ѕвезда во подем Грејс Кумар (21) и успешниот спортист Барнаби Вебер (20). Напаѓачот ги избодел на улица, по што на неколку улици подалеку до смрт бил избоден постар маж (54)“, изјави началникот на полицијата.

Убиецот потоа киднапирал комбе и со него газел и повредил тројца пешаци кои се опоравуваат во болница. Полицијата го запрела возилото на улицата „Мејпл“ и го уапсила напаѓачот.

Слични содржини