Малините ги уништуваат клетките на ракот, утврдија професионалци од американскиот Универзитет Клемсон во студии со животни.
Научниците им давале на животните екстракт од малина и во резултат 90% од клетките на туморот изумирале.
Одамна се знае дека малините поседуваат антиоксидантни својства. Сепак, истражувачите од Универзитетот во државата Јужна Каролина се убедени дека во нив има и посебна антиканцерогена компонента. Според експертите ниту еден од познатите антиоксиданси не е способен да ги разруши 90% од канцерогените клетки. Освен тоа очигледно ракот е ликвидиран од одредена комбинација на супстанции содржани во малината.
До неодамна научниците претпоставуваа дека само некои сорти малини може да го убиваат ракот – пример црната малина. Но, истражувачите докажаа дека тоа не е така. Со туморот се справува секоја сорта малина.
Овој плод поседува и други корисни својства. Во него има многу витамин Ц, кој е важен за машката плодност, и магнезиум, кој учествува во производството на тестостерон.