123
23- годишниот А.К. го застрелал Артан Муслиу-информираат од полицијата
Според првичните информации на полицијата, А.К. и се предал на полицијата, го предал оружјето и го признал делото. Во моментов тој се носи во просториите на СВР Охрид каде ќе биде извршен разговор со него за целосно расчистување на убиството.
Полициските екипи пак вршат претрес во неговиот дом.
Заменик директорот на УЈП, Артан Муслиу во Струга беше застрелан на улицата „Марк и Енгелс“ од автомобил „Голф“ во движење.