Штипјанка ограбена од гатачка и рекла дека „ќе и растури магии“

од Milan1

Жена била измамена од гатачка, кој и ветила дека ќе и растури магии, но и го украла златото.

-На 09.05.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Штип, 33 – годишна жена од Штип пријавила дека на 26.04.2024 околу 15 часот во дворот од семејната куќа во Штип била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето ѝ ветило дека ќе ѝ растури магија, а за возврат побарала златен накит во врзопче од крпа, но под услов да не го отвора врзопчето. По неколку дена откако ја отворила крпата забележала дека го нема златниот накит и сфатила дека е измамена, информираат од МВР.

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини