182
Еден од водачите на милицијата Катаиб Хезболах, поддржана од Иран, Абу Бакир ал-Саади, кого Пентагон го смета за одговорен за нападите врз американските сили во регионот, беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад.
Во моментот на нападот, во населбата Маштала, во источниот дел на ирачката престолнина, во возилото се наоѓале Бакир ал Саади и двајца негови чувари, кои исто така биле убиени.
Централната команда на американската армија објави дека во нападот кој се случил во 21:30 часот по локално време е убиен „командантот одговорен за директно планирање и учество во нападите врз американските сили во регионот“.