Убиен Израелец во делот на Западниот Брег кој е под контрола на палестинските власти

од Nikola Popovski
481 прегледи

Израелски државјанин е пронајден мртов утрово во палестински град на северот на Западниот Брег, соопштија од Израелската армија.

Армијата информирала дека еден човек бил застрелан во градот Калкиља и дека нивните војници се распоредени во областа.

Израелските безбедносни сили вчера усмртиле две лица за кои соопштија дека се милитанти во истиот град.

Насилството на Западниот Брег ескалира од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел во Газа. Оттогаш, Израел уби најмалку 549 Палестинци на територијата, според информациите на палестинското Министерство за здравство.

Во истиот период, како што наведуваат од Обединетите нации, Палестинците убиле најмалку девет Израелци на Западниот Брег, вклучително и пет војници.

На израелските граѓани им е забрането да влегуваат во Калкиља и други области на Западниот Брег контролирани од палестинските власти.

Слични содржини