Убиен лидер на Исламската држава одговорен за напади во Европа

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Соединетите Американски Држави изведоа воена операција во која е убиен еден од командантите на Исламската држава во Сирија, соопшти денеска американската Централна команда (CENTCOM).

Калид Аид Ахмед ал Џабури бил одговорен за планирање на нападите на Исламската држава врз Европа и за развој на раководната структура на оваа терористичка организација, се вели во соопштението на американската војска, пренесува „Ројтерс“.

Во нападот, кој беше извршен во понеделникот, нема загинати или повредени цивили, соопштено е од CENTCOM и нагласено е дека Исламската држава „продолжува да претставува закана во регионот и пошироко“.

Слични содржини