Неидентификувани напаѓачи отвориле оган врз возило во кое бил пратеник во парламентот на Чеченија.

Тоа предизвикало сообраќајна негода во која загинал пратеникот, пренесува ТАСС.
Според првите извештаи, пратеникотМухамед Аскабов, член на Комунистичката партија, околу 8 часот утрово по локално време заминал со автомобил на работа, а на пат до таму пукано е кон неговото возило.
Рускиот истражен комитет како и регионалната чеченска истражна агенција покренале истрага за кривично дело убиство на член на чеченскиот парламент, соопшти Комитетот.
„Местото на настанот е истражено во овој кривичен случај и наложена е истрага од судска медицина“, се додава во соопштението.