УБИЕН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ХАИТИ: Напаѓачите влегле во неговиот дом доцна во ноќта

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, беше убиен во неговиот дом во средата рано наутро, потврди владата.

Моиз беше убиен во неговата приватна резиденција во средата околу 1 часот по полноќ.

Премиерот на Хаити, Клод Џозеф, во изјавата потврди дека Моиз бил убиен од група напаѓачи. Тие не се идентификувани, но се вели дека се од област каде што се зборува шпански.

Првата дама на Хаити беше повредена од куршум во нападот, се додава во соопштението.

Слични содржини