Претседателот на ракометниот клуб „Црвена Звезда“ и потпретседател на Ракометниот сојуз на Србија, Мирко Бутулиja, денеска беше застрелан во пукање во Белград. Бутулиja го загуби животот.

Трагичниот настан се случи во просториите на авто-мото сојузот на Србија, а кон него пукал секретарот на АМСС Предраг Ѓурѓев, кој потоа самиот си го одзеде животот. Бутулија беше директор на АМСС
Брзата помош пристигнала во просториите на АМСС и го пренела Бутлиja на Ургентниот центар каде што подоцна им подлегнал на повредите.
Убиецот се чаил еден кат погоре и се самоубил. На пукањето присуствувала секретарката на Сојузот, која исплашена скокнала од прозорец и се здобила со телесни повреди.
Мотивот и причината за овој настан засега не се познати.