207
Повеќе од 400 осуденици избегаа од затвор на Хаити, недалеку од главниот град Порт-о-Пренс.
Во извештајот на локалните власти се вели дека 25 лица загинале при масовното бегство од затворот Кроа ле Бук.
Меѓу нив се и директорот на таа институција и случајни минувачи кои биле во центарот на инцидентот, пренесува BBC.
Меѓу убиените беше и моќниот шеф на подземјето, Арнел Џозеф, кој смртно настрадал откако се појавил на мотор на контролен пункт неколку часа по бегството.