Убиен терористот на Хамас кој парадираше со телото на Шани Лук?

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

На социјалната мрежа Х се појавија објави во кои одредени корисници тврдат дека е убиен членот на Хамас кој парадираше со телото на Шани Лук.

Мајката на несреќната девојка изјави за телевизискиот водител Раби Шмули дека ИДФ ја известила дека отстраниле еден од терористите кои се гледаат на виралното видео.

Израелските одбранбени сили убиле еден од терористите кои парадирале со полуголото тело на Израелката од Германија, Шани Лук, низ улиците на Газа, според повеќе профили на социјалните мрежи кои ја цитираа мајката на Шани, Рикарда Лук.

Да потсетиме, Шани Лук (22) го посетила музичкиот фестивал во Реим на 7 октомври, кога таа и многу други луѓе кои се наоѓаа на истото место беа нападнати од милитантите на Хамас. Хамас уби некои, додека други посетители на фестивалот беа киднапирани и однесени во Појасот Газа, вклучувајќи ја и Шани Лук.

Истиот ден, Хамас објави видео на кое наводно се гледа Шани Лук во приколка опкружена со борци, полугола додека нејзината нога (најверојатно скршена) била во сосема неприродна положба.

Девојката мртва или тешко повредена лежела во приколката на пикапот, додека околу неа борците го славеле нејзиното киднапирање.

По видеото се појави информација дека Шани е мртва, додека нејзината мајка тогаш објави дека е повредена. Подоцна беше утврдено дека таа повеќе не е меѓу живите.

Слични содржини