Убиен ученик во САД откако пукал во полицијата

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Полицијата убила ученик кој пукал во нив во средното училиште во Тенеси во понеделникот. Еден полицаец е ранет, пренесува АП.

Директорот на истражното биро во Тенеси, Дејвид Рауш, на прес-конференција во понеделникот изјави дека полицијата по дојава го пронашла ученикот во тоалет во средното училиште „Остин Ист Магнет“ во Ноксвил, град на околу 290 километри источно од Нешвил.

Му наредила да излезе, но тој не сакал да се покорува, а потоа тој наводно отворил оган, на што полицијата одговорила, истакнал Рауш.

Ученикот починал во училиштето, а полицаец бил ранет и однесен на операција, објавија властите. Никој друг не бил повреден.

Инцидентот се случи во време кога локалната заедница се опоравува од насилството во кое годинава беа убиени тројца ученици од Остин Ист, а се повеќе училници се отвораат за учениците по повеќемесечното онлајн учење на далечина.

Слични содржини