Убиен вработен од обезбедувањето на нуклеарката”Тианж” во Белгија

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Тоа е нов доказ дека нуклеарната централа била главната цел на нападите на терористичката група во Брисел

20160326.pavzcusamh

 Вработен за безбедност во белгиската нуклеарна централа “Тианж” е убиен во белгискиот град Шарлероа, а пропусницата   за централата  му била украдена. Ова го соопшти весникот Dernière Heure, повикувајќи се на извори во локалната полиција, пренесе ТАСС.

Шок! Бриселските терористи навистина сакале да ја нападнат нуклерката

Пред тоа весникот соопшти дека централата “Тианж” била главната цел на нападите на терористичката група во Брисел. “Службеникот за безбедност на нуклеарката е убиен во текот на ноќта на четврток, кога се шетал со своето куче.Ова злосторство остана целосно незабележано од медиумите, но денес извори во локалната полиција потврдија дека неговата пропусница  која овозможува пристап до централата, била украдена “, пишува весникот.