Истакнатата индиска новинарка Гаури Ланкеш, која често ја критикуваше хиндуистичката националистичка политика убиена е вчера во јужната држава Карнатака.

Телото на 55-годишната новинарка пронајдено е во вирче крв на нејзиниот куќен праг во градот Бангалоре.
Напаѓачот кој стигнал со мотор пукал во неа три пати и тоа во главата и во градите, а мотивот се уште не е познат.
Ланкеш е најистакната индиска новинарка која е убиена во последните неколку години. Новинарите во оваа земја се повеќе се мета на напад на радикалните хиндуистички националисти. Преку социјалните мрежи тие се критикувани, а на новинарките им се закануваат со силување и напад.
Министерите кои припаѓаат на индиската пладејачка партија исто така отворено ги напаѓаат новинарите, нарекувајќи ги со погрден назив “presstitute” (комбинација од англискиот збор press – печат и зборот проститутка.