Во израелски напад вчеравечер, убиени се најмалку 7 луѓе, вклучително и 4 новинари од телевизијата Ал Џазира.
Израелската војска соопшти дека го лоцирале и убиле дописникот на Ал Џазира, Анас Ал Шариф – истакнат новинар кој екстензивно ја следеше војната од самата Газа – откако го обвини дека води ќелија на Хамас. Ваквото тврдење Ал Шариф претходно го отфрлаше.
Загинале и уште еден новинар, Мохамед, Креикех и двајца фоторепортери, Ибрахим Ал Тхахер и Мохамед Нофал.
Загинатите заедно со други новинари биле во шатор близу влезот на болницата Ал Шифа. Вкупно 7 луѓе ги загубиле животите.
Израелските одбранбени сили го обвини Ал Шариф дека води ќелија на Хамас „што врши обемни ракетни напади против цивили и припадниците на израелската војска“, правдајќи го своето тврдење со разузнавачки информации и „многу документи пронајдени во Појасот Газа.