Убиениот еквадорски политичар предупредувал дека албанската мафија ја контролира земјата

од Nikola Popovski
265 прегледи

Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен во средата на предизборен митинг, бил познат како борец против корупцијата, а за време на кампањата предупредувал и на албанската мафија, која според него ја контролира земјата заедно со уште два мексикански картели.

Денес Еквадор е контролиран од мексиканските картели Халиско и Синалоа, како и албанската мафија, изјавил Вилависенсио за Си-Ен-Ен во мај.

Тој истакнал дека Еквадор станала „нарко држава“ и повикал да започне борбата против „политичката мафија“.

Насилството е најизразено на брегот на Пацификот на Еквадор додека криминалните групи се борат за контрола и дистрибуција на наркотици, пред се кокаин. На крајот на јули, Агустин Интриаго, градоначалникот на шестиот по големина град во Еквадор – Манта, беше убиен заедно со Аријана Чанкај, млада спортистка со која разговарал на улица.

Земјата, исто така, ја изгуби контролата врз затворите, кои често ги водат криминални банди. Повеќе од 400 затвореници се убиени зад решетки од 2021 година, според бројките на затворските служби, од кои многумина биле убиени за време на серија грозоморни масакри.

Слични содржини