Убиецот на бугарската новинарка: Жал ми е, не сакав да ја убијам!

од desk2
81 прегледи

Обвинетиот за убиството на бугарската новинарка, 30-годишната Викторија Маринова, денес пред сослушуваањето во судот во градот Русе рекол дека жали што ја убил Маринова и дека не сакал тоа да го направи.

“Многу ми е жал. Не можам да верувам дека го направив тоа”, изјавил 21-годишниот Северин Красимиров.

Тој се изјаснил како виновен по две точки од обвинението, силување и убиство, но додал дека речиси да не се сеќава на злосторството, бидејќи бил дрогиран и пијан кога го извршил.

Бугарскиот суд одлучил Красимиров да остане во притвор до почетокот на судењето.

Телото на Маринова било пронајдено во Дунав во градот Русе на 6. октомври.

Инспекторите најпрво мислеле дека Викторија е убиена затоа што истражувала корупција во ЕУ, но се воспоставило дека не е така.

Красимиров бил екстрадиран во Бугарија во средата од Германија, каде живее неговата мајка, која го пријавила на властите.