Убиецот од Плимут кој го изврши најстрашниот масакр во Велика Британија во последните 11 години е идентификуван како Џејк Дејвисон (23).
Пукал во членовите на неговото семејство во куќата во Плимут, пред да истрча на улица со пушка, каде налетал на две лица кои шетале кучиња. Тој прво испука неколку куршуми кон нив, а потоа и кон минувачите, работниците и клиентите од околните продавници.
Убиено е петгодишно девојче, двајца мажи и две жени, пренесуваат британските медиуми.
Џејк се обучувал да биде возач на кран, а по масакрот се самоубил.
Полицијата апелираше до очевидци да не објавуваат снимки од крвавиот настан на социјалните мрежи, бидејќи не се верува дека Џејк имал соучесник, а грозоморните снимки ќе ги ретрауматизираат семејствата на жртвите.