Убил 82 жени: Рускиот народ бара од Путин серискиот убиец да биде стрелан

од desk2
84 прегледи

Човекот кој важи за еден од најопасните сериски убијци во Русија, во интервју за „Русија 1“ откри дека тој не ги силувал жртвите,, туку дека тие доброволно стапувале во сексуален однос со него.

Поранешниот полицаец Михаил Попков (52) пред две години е осуден на доживотен затвор за убиство на 23 жени, а за наредниот месец е закажано ново судење, бидејќи признал дека убил уште 59 жени.

Попков, кого јавноста го нарече Врколак и покрај тоа што тврди дека не ги присилувал жртвите на секс, сепак во обвиненијата стои дека ги силувал жените, а потоа ги убивал или со пиштол, или пак со нож, секира или каков и да е предмет со кој нанесувал смртоносни повреди.

Тој во интервјуто истакнал дека убиствата ги направил за да го исчисти Ангарск градот во кој живеел од лесните и неморални жени. Тој признал дека го користел службеното возило за да ги намами жртвите, а користел оружје кое претходно полицајците го заплениле од криминалци.

Инаку, Попков убиствата ги вршел во период од 1992 до 2010 година, а водел двоен живот, па неговата ќерка и сопруга никогаш не се посомневале во него. Откако е во затвор, неговата сопруга е во врска со инспекторот кој го водел неговиот случај, а откако интервјуто се појави во јавноста, руските граѓани побараа од претседателот Владимир Путин за него да одреди смртна казна со стрелање.