„Убиство на еден тон луѓе“: Нови детали за војникот кој објави тајни документи

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Припадникот на Националната гарда на американското воздухопловство, Џек Тешира, обвинет за објавување доверливи воени документи, упатувал насилни закани, го користел својот службен компјутер за да истражува масовни престрелки и се обидел да ги уништи доказите за неговото злосторство, соопштија американските федерални обвинители.

Во поднесокот од 48 страници, американското министерство за правда рече дека 21-годишниот Тешира треба да биде задржан во очекување на судењето бидејќи постои ризик дека тој ќе побегне. Обвинителите денеска ќе ги изнесат своите аргументи за задржување на Тешеира во притвор пред американскиот судија во Ворчестер, Масачусетс, објави „Ројтерс“.

За време на претресот во домот на Тешира, Федералното биро за истраги (ФБИ) пронашло смачкан таблет компјутер и лаптоп во корпа за отпадоци. Дополнително, обвинителите рекоа дека откриле дека Тешира им наложил на другите корисници на мрежата да ги „избришат сите пораки“.

Тешеира беше обвинет претходно овој месец за кршење на Законот за шпионажа во врска со неовластено копирање и пренесување на чувствителен одбранбен материјал, како и незаконско отстранување на одбранбен материјал на неовластена локација.

Доколку биде прогласен за виновен, обвинителите рекоа дека може да се соочи со затворска казна до 25 години.

Насилни коментари

Покрај доказите дека Тешира се обидел да ги попречи доказите и да влијае на сведоците, обвинителите рекоа дека тој има проблематична историја која датира од неговите тинејџерски години.

Кога имал 18 години, неговото барање за дозвола за огнено оружје било одбиено поради забелешките кои ги дал додека бил во средно училиште за „оружје, вклучително и молотови коктели, оружје на училиште и расни закани“.

Тој, исто така, давал насилни коментари за убиство на социјалните мрежи, вклучително и една објава во ноември 2022 година во која рече дека ако може, ќе „убие еден тон луѓе“, бидејќи тоа ќе биде „убиство на слабоумните“. Според поднесокот, во февруари 2023 година, Тешира побарал совет за тоа каков тип пушка ќе биде лесна за ракување од задниот дел на паркираното возило против „цел на тротоар или трем“.

Обвинителите наведоа дека нашле и докази дека Тешира им признал на другите на интернет дека информациите што ги објавува биле доверливи.

Слични содржини