Убиство во Кавадарци, мaж избоден до смрт при тепачка

од Берта Китинска
359 прегледи

На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци, наведуваат од МВР за МИА.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини