220
МВР информира дека 34-годишен жител на скопското село Ласкарци бил усмртен откако во него било пукано од огнено оружје. Според СВР Скопје, синоќа во 21:31 часот во с.Ласкарци, скопско, две лица од огнено оружје пукале кон Р.Ќ.(34) од с.Ласкарци.
Р.Ќ. се здобил со повреди, по што починал во возило на Итна медицинска помош при транспорт до Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.