284
На 29.04.2020 во 12.45 часот во Полициското одделение Арачиново било пријавено дека во село Арачиново, во семејниот дом, А.Н.(40) ја усмртил својата сопруга Б.Н.(36), по што го напуштил местото на настанот, соопшти полицијата.
По преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје, А.Н. бил пронајден и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.