Ублажени мерките во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Од денес во Велика Британија се ублажуваат мерките против епидемијата, во рамките на кои, меѓу другото, луѓето ќе можат да купуваат во неесенцијалните продавници, но и да посетуваат фризерски салони.

Сите продавници, фризери и салони за убавина ќе можат да ги отворат вратите за клиентите, а рестораните и пабовите ќе имаат дозвола да служат храна и алкохолни пијалоци во нивните градини, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на Би-Би-Си.

Од денес е дозволена работата на спортски сали, сауни, зоолошки градини, тематски паркови, книжарници и културни центри.

15 лица ќе можат да присуствуваат на свадби, додека на 30 лица ќе им биде дозволено да присуствуваат на погреб.

Децата ќе можат да излегуваат на игралиштата, домовите за стари лица ќе им овозможат на двајца жители да го посетат секое одделение и ќе бидат дозволени часови за возење.

Слични содржини