Ученици и родители во Врачар во страв: Полиција ќе патролира во училиштето поради гласини за оружје

од Илинка Илиоска
36 прегледи

Основното училиште „Н.Х. Синиша Николајевиќ“ во белградската населба Врачар, денеска соопшти дека веднаш реагирало на гласините дека во четврток ученик од осмо одделение ќе донесе пиштол. Според нив, полицијата била информирана за се, како и дека таа тој ден ќе биде на училиште во двете смени.

Полициски службеници вчера беа во училиштето, извршија разговор и дадоа упатства за понатамошно постапување. Земаа изјави од родителот кој ја пријавил ваквата состојба“, се вели во соопштението на училиштето.

Како што додаваат, ќе продолжат да постапуваат според упатствата на МУП.

„Што се однесува до четврток, полицијата цел ден (во двете смени) ќе биде во училиштето. Според инструкциите на полицијата ќе бидат преземени и некои други мерки кои нема да ги објавиме поради деликатноста на ситуацијата. рече училиштето.

Слични содржини