Учениците од утре на распуст кој ќе трае до 20. јануари

од Nikola Popovski
42 прегледи

Од утре, 1-ви јануари започнува зимскиот распуст за учениците во основните и средните училишта. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 21 јануари.

Оваа учебна година ќе трае до 10 јуни, а исклучок се учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Во второто полугодие учениците годинава ќе го немаат пролетниот распуст, како што тоа беше случај минатата година и кога учебната година беше продолжена до 17 јуни.

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат да има пролетен распуст.

МОН прашалникот го испрати до училиштата, а воедно и јавно беше достапен со цел, сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење и да се донесе транспарентна одлука.

Претходната учебна година, основните и средните училишта од 29 април до 6 мај беа на пролетен распуст. Наставната година за основците заврши на 17 јуни, додека за средношколците, како и изминатите години, на 10 јуни.

Слични содржини