Учениците прелажани- Екстерното останува по старо им порача министерот Адеми

од Vladimir Zorba
66 прегледи

И покрај најавите дека матурантите кои ќе полагаат во јануари ќе бидат првите што ќе се оценуваат соред новиот модел, сепак нема да се направат измени во концептот на екстерно тестирање.

адеми6

– Ние кажавме, ама не успеавме да го смениме концептот, ќе остане стариот. Во јануари матурантите ќе полагаат екстерно, а бидејќи сите ученици треба да полагаат според истиот концепт, сега за сега не очекувам измени во концептот. Но, сме отворено за дебати, разговори и веќе почнавме некои активности за нов модел на екстерно оценување“, изјави министерот за образование Абдилаќим Адеми.

Средношколците во изминатава година повеќе пати протестираа, а беше поставен и камп спроти Министерството за образование. Беа ветувани измени, разговори, преодни и носење на заеднички решенија. Сепак се тоа остана дека е брз одговор за да се тргнат и запрат протестите. Институциите повторно ги прелажаа граѓаните, овојпат средношколците. Во случајов сите изгубија институциите и министерот довербата и ветувањето средношколците својата борба , надеж и верба во институциите.