Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.
Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Вештачката интелегенција влегува во наставата, а образовни асистенти ќе можат да добијат и средношколци.
90 проценти од учебниците се веќе дистрибуирани во училиштата, останатите ќе бидат доставени во наредните денови. Од Министерството за образование велат дека по 7 години ќе има учебници и за странските јазици, а 7 одделенците и учениците во прва година средно ќе учат и по нова програма.
Речиси 1.400 образовани асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта, 130 во средните.
Министерката Весна Јаневска најави дека ќе продолжува да работат на концептот учениците да имаат знаење, на тестирањата да покажуваат подобри резултати, образованиот кадар ќе биде менаџиран според потребите.