Ученик во едно училиште во САД донел цртеж на кој било прикажано училиште што гори и масовно пукање, по што еден маж кој го скицирал цртежот е уапсен, објави полицијата во округот Голф во Флорида.

На цртежот се прикажани училиште во пламен, масовно пукање, мртви луѓе кои лежат во крв и маж кој пука во нив, а сето е поддржано со детали кои прикажуваат пукање и врескање.
Кога го виделе вознемирувачкиот цртеж, наставниците повикале полиција, која со куса истрага дошла до авторот на цртежот, 33-годишен Роберт Пол Александар. Не е објавено дали се работи за таткото на детето или роднина, но уапсен е поради пишување и скицирање закани со убиства и физичко насилство.

„Нашата земја премногу пати помина низ болно искуство со трагедии во училишта, и затоа со вакви работи мора да постапиме сериозно, вели портпаролот на тамошната полиција Мајк Харисон. Додава дека Пол бил испитам и дека нема основани сомненија дека би направил такво злосторство.