Ученик прободен со нож на Рекорд

од desk2
89 прегледи

Младо момче било прободено со нож па итно пренесено во болница во центарот на Скопје.

Канал5 јавува дека прободено е 16 годишно момче на автобуска станица во Центар. По немилиот настан веднаш интервенирала брзата помош, момчето е префрлено во хируршката болница Св. Наум Охридски и не е во животна опасност.

На инцидентот му претходела вербална расправија со неколку повозрасни момчиња. На враќање од средното угостителско училиште, конфликтот започнал во автобусот со број 57, продолжил надвор, на автобуската станица Рекорд, при што еден од повозрасните го прободел момчето, јави Канал5.