Тинејџер пукаше и фрли чадни бомби во училиште во регионот на Москва во Русија, а најмалку четворица се повредени во овој инцидент, соопшти руската полиција.

Инцидентот се случил во училиште во местото Ивантејевка, околу 20 километри од Москва, јави ТАСС.
Момчето е на возраст од 15 години „пукал од воздушна пушка и фрлил чадна бомба во училница, се наведува во соопштението. Меѓу повредените се три деца и една наставничка.
Интерфакс пренесе дека тинејџерот нападнал наставничка со секира и дека таа е префрлена во болница со тешки повреди.
Учениците во страв скокале од прозорци, а некои од нив повредени. Сите се префрлени во болница, вели извор кој не е именуван.
Училиштето е затворено до крајот на денот, а децата се пуштени дома. Наставата ќе продолжи утре.
Полицијата го блокира подрачјето околу училиштето.