Ученикот Александар Иванов освои брозен медал на Олипијада по физика во Русија

од desk4
179 прегледи

   Македонски ученик освои бронзен медал на Втората европска олимпијада по физика што од 28 мај до 1 јуни се одржа на Московскиот институт за физика и технологија во Долгопрудниј.

Бронзениот медал го освои Александар Иванов, а покрај него учествуваа и учениците Мартин Ристовски и Иван Јовановски од средното училиште „Јахја Кемал“ заедно со професорите Ирина Петреска и Виктор Урумов од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Ученикот Александар Иванов досега има учествувано на две Меѓународни олимпијади по физика и две европски, освојувајќи една пофалница и еден бронзен медал на Меѓународните олимпијади по физика во 2016 и 2017 година, и со освојувањето на последниов медал во Русија станува најтрофејниот олимпиец од Македонија од областа на физиката досега, информира денеска Друштвото на физичари на Македонија.

На Олимпијадата во Русија учествуваа претставници од 23 земји со вкупно 115 ученици.

На доделувањето на медалите во паркот Зарјадје во Москва присуствуваше и македонскиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов.