Ученикот Тасевски со своја иновација за користење на сончева енергија со која ќе се топлат животните

од desk4

 

СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп е едно од 5-те училишта на Македонија чиј проект е поддржан од Фондот за иновации и UPSHIFT.  Ученикот од  ова училиште Димитар Тасевски со своја иновација овозможил користење на сончеваа енергија за создавање на благопријатни услови за живот на животните во фармите и зголемување на нивниот принос.
„ Сончевата енергија преку колектори се складира во посебни батерии, а потоа со микроконтролери се добива саканата температура во просторијата со помош на вентилатори“.
Дел од проектот биле 7 ученици, ветеринарни техничари и од хемиската струка. На натпреварот учествувале 40 училишта, 10 биле одбрани да ги презентираат проектите онлајн, а само 5 биле финансиски поддржани. Ова е единствено училиште во Македонија каде се има инсталирано ваков систем.
Инаку обновливите извори на енергија полека започнуваат да се користат на оние фарми каде нема пристап на електрична енергија.

Слични содржини