160
Прекрасно изненадување имав утрово! Деца од основните училишта ми донесоа нивни уметнички дела како благодарност за битката која здравствените работници ја водат со пандемијата, информираше преку својот Фејсбук.
-Тие сакаат да знаат дали од септември ќе се вратат во училишните клупи и моја најголема желба е тоа да се случи. Им ветив дека ќе работиме напорно за да ја надминеме пандемијата и да им ја оствариме желбата, но и дека наша должност е да се грижиме за нивното здравје. Им посакувам убав и безгрижен распуст!, напиша Филипче.