МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/2022, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава.
Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во постојана комуникација со премиерот и министерот за здравство во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата.
-Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, рече Царовска.
Министерството изработи и нов закон за учебници со цел да се применуваат дигитални содржини. Според планот, од 2021/2022 дигитални учебници ќе бидат во употреба за четвртоодделенците, а во идните години во повисоките одделенија во основното, како и во средното образование. За учениците до трето одделение ќе останат во употреба печатените (хартиени) учебници.