Најавата за дигитализација на учебниците предизвика револт кај учениците и родителите.
Утрово голем дел од учениците од средните скопски училишта одлучија да не ги вклучат компјутерите во знак на револт.
Од Министерството за образование преку соопштение упатија апел до учениците , да продолжат да учествуваат во воспитно образовниот процес.
-По објавувањето на информации во дел од медиумите дека учениците од одредени средни училишта се организираат денес да ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука упатува апел до нив и до нивните семејства, да продолжат да учествуваат во воспитно – образовниот процес, кој треба да биде нивна единствена грижа и интерес. Во спротивно, отсуството од часови и настава значи загубено време и знаење кое понатаму тешко се надоместува.
Од сојузот на средношколци денеска изјавија дека тие не се организатори на бојкотот.