


Ова е првиот извештај што учесниците во изборната кампања треба да го поднесат до ДИК, ДЗР, и ДКСК. За вториот круг од изборите извештаи треба да поднесат најдоцна до 24 часот на 4 мај, а најдоцна до 20 април доколку не учествуваат во вториот круг од изборите.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера од податоците на радиодифузерите за емитуваното платено политичко рекламирање во првата недела од кампањата за избор на претседател и за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар достави сублимиран извештај до Државната изборна комисија која, пак, треба на радиодифузерите да им исплати средства за емитуваното платено политичко рекламирање.
Според Изборниот законик, пред исплата на трошоците за емитуваното ППР од страна на ДИК, Агенцијата е должна да достави извештај за вкупното времетраење на ова рекламирање што било емитувано кај секој радиодифузер, првпат на 10-от ден од изборната кампања, а вторпат на 7-от ден по завршување на кампањата. Оттаму, во согласност со Упатството што Советот на Агенцијата го усвои на 29 март 2019 година, радиодифузерите имаат обврска да достават податоци во Агенцијата за емитуваното платено политичко рекламирање.
На радијата и телевизиите кои врз основа на склучени договори со учесниците во изборните процеси ќе емитуваат платено политичко рекламирање на претседателските кандидати и на кандидатите за градоначалници во општините Дебар, Ново Село и Охрид, трошоците, согласно Изборниот законик, ќе им ги исплати ДИК врз основа на доставени фактури. Секој радиодифузер кон фактурите треба да приложи медиа план и извештај за реализирана услуга потпишан и од радиодифузерот и од нарачателот на рекламирањето, односно учесникот во изборна кампања.
Според роковникот на ДИК, вториот извештај АВМУ треба да го достави до Комисијата на 26 април, за првиот круг на изборите, и на 10 мај за евентуалниот втор круг.
ДИК треба да ги исплати трошоците за објавеното платено политичко рекламирање на 12-тиот ден од почетокот на изборната кампања и 10 дена по завршувањето на изборната кампања.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.