Училишните престрелки реткост во Европа

од Radmila Tasevska
172 прегледи

Престрелки во училишта, како оној на универзитетот во центарот на Прага, во кој загинаа повеќе од 15 луѓе денеска, се многу поретки во Европа отколку во САД.

Ова се најсмртоносните престрелки во училишта во Европа што не се поврзани со тероризам, во изминатите 25 години:

– На 3 мај, 13-годишник застрела осум соученици и чувар во основно училиште во центарот на Белград. Повредени беа и шест деца и еден наставник. Полицијата го уапси малолетникот.

– 18-годишен вооружен напаѓач на 17 октомври 2018 година уби 20 луѓе, меѓу кои девет деца и повреди уште десетици, пред да се самоубие на техничкиот колеџ на Крим каде што бил студент.

– Вооружен со сачмарка и експлозивна направа, Илназ Гаљавиев, тогаш 19-годишник, отвори оган на 11 мај 2021 година во училиштето број 175 во западниот руски град Казан, убивајќи девет лица, меѓу кои седум деца. Во 2023 година тој беше осуден на доживотен затвор.

-На 20 септември 2021 година, студент облечен во црна тактичка облека и шлем, вооружен со ловечка пушка, помина низ зградите на Државниот универзитет во Перм, убивајќи шест лица, претежно жени, а рани уште дваесетина други.

– 19-годишен поранешен ученик, очигледно како одмазда затоа што бил избркан, на 26 април 2002 година уби 16 лица, вклучувајќи 12 наставници и двајца ученици во училиште во Ерфурт. Потоа се самоуби.

-На 11 март 2009 година девет ученици, тројца наставници и тројца случајни минувачи беа убиени во пукање во училиште во Виненден во јужна Германија од поранешен ученик кој потоа се самоуби.

-На 7 ноември 2007 година, 18-годишен ученик отвори оган во училиште во јужна Финска убивајќи пет момчиња, две девојчиња и директорката пред да се самоубие.

– На 23 септември 2008 година, единаесет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, загинаа во масакр во училиште во Каухајоки, Финска.

Слични содржини