Училиштата во Њујорк затворени до крајот на учебната година поради пандемијата

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, денеска објави дека училиштата во градот, во кои има 1,1 милиони ученици, ќе бидат затворени до крајот на учебната година за да се спречи ширењето на коронавирусот во тој град, кој е епицентарот на заразата во Соединетите држави.

Во Њујорк училиштата се затворени од 16 март. Интернет наставата во градот е тешка поради големиот број студенти од сиромашни семејства кои немаат пристап до Интернет, па со тоа и на часови.

Де Блазио долго време се спротивставува на затворањето на училиштата, велејќи дека тој стравува дека здравствените работници ќе мора да останат дома за да се грижат за децата и дека стотици илјади сиромашни студенти ќе гладуваат без бесплатните училишни оброци.