Со силна поддршка на Европскиот парламент, училиштето од Чаир „Исмаил Ќемали“ и училиштето „Емилијан Станев“ од Велико Трново, Бугарија денеска ја започнаа официјалната соработка.
Градоначалникот на општина Чаир, Виар Ганиу заедно со бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, првиот подпретседател на Владата, Артан Груби, пратеничката Моника Зајкова, градоначалници, директори на училишта и наставници од Бугарија, го посетија ООУ „Исмаил Ќемали“ и го официјализираа збратимувањето на ова училиште од Чаир со училиштето „Емилијан Станев” Од Велико Трново, Бугарија.
-Ова значи дека официјално од денеска овие две училишта, но и општина Чаир и Велико Трново отвораат поглавје за соработка во области кои ќе бидат од заеднички интерес.
Ваквата соработка е најдобриот можен начин заеднички да одиме напред и пред се да ја подобриме благосостојбата на граѓаните на нашите две земји, информира Ганиу.