Удар од Кличко до Зеленски: „Украина се движи кон авторитарен систем, нема да се разликуваме од Русија!“

од Stefanija Kuzmanovska
580 прегледи

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека Украина „се движи кон авторитарен систем“.

Ова го објави „Киев Индипендент“, со оценка дека Кличко упатил прикриена критика до претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Во одреден момент нема да се разликуваме од Русија, каде што сè зависи од каприцот на еден човек“, изјави Кличко за германски „Шпигел“.

Градоначалникот на Киев рече дека Украина е практично без лидерство и во хаос во текот на првите месеци од рускиот напад и ги пофали градоначалниците на украинските градови за играњето клучни лидерски улоги, „ги штитат своите сограѓани и ја поддржуваат војската“.

Меѓутоа, Кличко смета дека градоначалниците во претседателскиот кабинет ги гледаат само како пречка за централизација на власта.

И покрај тоа што беше градоначалник на главниот град, Кличко откри дека не разговарал со Зеленски од почетокот на рускиот напад врз Украина.

Кабинетот на Зеленски не одговори на барањето за коментар.

Слични содржини